Исповед на Карлеуша: Носев скапи чевли на телевизија, а дома гладувавме

Јелена Карлеуша, која неодамна се врати од Америка, каде што имаше турнеја во едно интервју, открила дека на почетокот на својата кариера едвај успеавала да спои крај со крај, а во еден период немала пари за да си купи ниту чорапи, а камоли ли пак чевли.
Јелена Карлеуша, која неодамна се врати од Америка, каде што имаше турнеја во едно интервју, открила дека на почетокот на својата кариера едвај успеавала да спои крај со крај, а во еден период немала пари за да си купи ниту чорапи, а камоли ли пак чевли.

456401-toshikj-so-ovaa-fotografija-ja-raznezhni-jelena-karleusha

Кога почнував со кариера немав пари. Првпат на телевизија се појавив на РТС и имав многу трема. Носев сошиен фустан, и тоа од позајмен материјал затоа што не можев да си дозволам да го купам. Во тоа време немав пари ниту за чорапи”, рекла пејачката и додала дека нејзината мајка морала да се задолжи во банка за да и купи облека за настапи.

 

 

 

 

Се заљубив во чевлите од дизајнерот Карл Лагерфилд, за кого дотогаш немав слушнато. Мајка ми виде дека ми се допаѓаат, па скришно отиде да ми ги купи. Се сеќавам дека испиша над 30 чекови за да ме усреќи, затоа што чевлите чинеа колку три нејзини плати”, објаснила Карлеуша која се кае што своевремено имала кратка коса и се шминкала многу нападано.

karleusa-foto-instagram_1000x0

Имав многу лоша фризура и се шминкав пренападно за едно 16-годишно девојче. Изгледав десет години постара и затоа никој не ме доживуваше како девојче. Се претставував како вамп – жена и мислев дека на тој начин ќе привлечам внимание. Од денешна перспектива кога ќе погледнам наназад, многу работи би променила”, заклучила Карлеуша.