Која пејачка играла покер со Аркан и изгубила 500.000 марки

Жељко Ражнатовиќ-Аркан бил голем пријател со многумина од српската естрада. Со неколкумина делеле иста страст кон коцкањето. Лепа Лукиќ во осумдесеттите години играла покер со Акран и, верувале или не, изгубила половина милион тогашни германски марки. Партијата траела речиси цела ноќ и Лепа била многу лута што картите никако не ја сакале.

Но, Аркан како вистински џентлмен и во име на нивното пријателство, решил да ѝ го прости долгот. Многу години подоцна Лепа ја потврдила вистинитоста на случката со Аркан.

– Изгубив половина милион марки. Беше големо друштво и се заигравме. Со Аркан бев блиска и ме почитуваше како голем боем – изјави Лепа.