Ексклузивно: Наум Претрески со голем концерт во Метрополис арена

По повод 30-годишната кариера на македонската и балканска естрада на нашата македонската музичка гордост – легендарниот Наум Петрески, продуцентската куќа „АВАРД Промотион“ ќе одржи јубилеен концерт на 22- ри Април 2017 година, во Метрополис Арена. Настанот нема да биде само обичен концерт, туку несекојдневно мега шоу, на кое освен промоцијата на новите хитовски рефрени од ЦД албумот на Петрески, „Грло Ненапеано“, ќе бидат отпеани и многу познати легендарни македонски мегахитови, а ќе има многу забава и интересни содржини, додека во исто време на славеникот ќе му оддадат признание и многу пријатели од естрадата, пејачи, актери…Во оваа пригода се одржува само еден ексклузивен концерт, поточно незаборавен музичко – сценски хепенинг со живата легенда и еден од најквалитетните пејачи на Балканот, Наум Петрески, човекот со глас кој никого не оставил рамнодушен.