Македонскиот Аца Лукас си го смени личниот опис

Јоце Панов, кого фановите го викаат македонскиот Аца Лукас, наскоро ќе го промовира новиот албум, трет по ред кој ќе има две верзии- македонска и српско-хрватска.

Јоце Панов наскоро ќе го промовира новиот албум, трет по ред кој ќе има две верзии- македонска и српско-хрватска. Пејачот кој вложува поприлично многу во својата кариера и овојпат соработувал со најдобрите автори од овој регион, а дел од темите ги потпишуваат Бане Опачиќ, Никша Братош, Миро Буљан, Антонија Шола, Саша Драѓиќ…Планирам да направам три големи промоции, во Скопје, Белград и Загреб и се надевам дека на публиката ќе и се допадне она што го сработивме. За дел од темите ќе снимам и спотови”,  откри Јоце кој има голема желба во иднина да ја претставува нашата земја на изборот за песна на Евровизија.

Евровизија е голем настан и сон на секој пејач, но не би одел по секоја цена, само доколку имам навистина голема песна, која ќе има големи шанси за победа таму, е тогаш би се натпреварувал”, додаде Панов.