Владо Герогиев никогаш не бил посреќен-пејачот чека второ дете

Поп пејачот и кантавтор, Владо Георгиев и неговата избраничка Милица Самарџија го чекаат своето второ дете.

Како што открива добро упатен извор, Георгиев е пресреќен и веќе се пофалил на пријателите и соработниците.

– На седницата на СОКОЈ, меѓу останатите се обрати и Владо Георгиев. Штом застана на говорницата рече дека сака пред се да ги соопшти убавите вести и откри дека неговата сопруга, како што ја претставува Милица, повторно е бремена. Сите му апалудираа и честитаа, по што Георгиев кажа што имаше да каже врзано за седницата-открива соговорникот.

Владо и Милица првото дете го добија во септември минатата година, кога им се роди ќерката Софија.