Беквалац пристигна на Ибица

Српската поп-пејачка Наташа Беквалац пред венчавката заедно со свршеникот и таткото на нејзиното второ дете, пристигна на Ибица.

Медиумите во регионот на големо ја следат пејачкта која треба да го склучи својот трет брак, а тоа ќе го направи на егзотичната дестинација каде моментално уживаат и се адаптираат пред да го кажат судбоносното „Да“. Ната на својот Инстаграм прикачи фотографија од апартманот со неодолив поглед и се означи на Ибица.

Инаку, на венчавката ќе присуствуваат околу 30-тина гости меѓу кои нема да биде нејзиното семејство и ќерката од првиот брак.