Менаџерот на Северина се огласи со реакција по веста за ограничувањата на Игор Којиќ кон синот на пејачката.

По повод тврдењата кои се појавија во медиумите, а се однесуваат на одлуката на судот во Загреб според која на Игор Којиќ му е забрането да објавува фотографии од малолетниот син на Северина, се огласи и менаџерот на пејачката Томислав Петровиќ, пријател и нејблизок соработник на хрватската поп-ѕвезда.

-Не е вистина дека Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе решение со кое на сопругот на Северина Игор му се забранува на социјалните мрежи да објавува фотографии од нејзиниот син. Вистина е дека е донесена неправосудна судска одлука која Поповиќ ја овозможува против Игор и своето дете да го застапува самостојно, што значи дека дека за таа тужба не му треба согласност од Северина. Таа против тоа поднесе жалба, бидејќи смета дека водењето на такви постапки не е во интерес на детето, Не е вистина дека судот смета дека доброто на детето е загрозено, како што се наведува во текстот, туку спротивното. Ова е трета постапка на Поповиќ против Северина и досега во сите случаи губеше, под образложение дека тука нема ништо штетно, ниту невообичаено, вели менаџерот на Северина.