Познатата пејачка искрено открива зошто е меланхолична и депресивна

По 15 години естрадна кариера, напорни настапи, патувања и многубројни откажувања, пејачката Милица Тодоровиќ (27) одлучи да направи повеќемесечна пауза и да се повлече од јавната сцена.

„Ова е моја прва професионална пауза откако на 13 години почнав да се занимавам со пеење. Од самиот почеток, контантно сум изложена на патувања, големи одговорности и настапи. Се изморив и одлучив кратко време да здивнам“, искрена е Милица, која демантира дека причината за повлекувањето е вишокот килограми, како што пишуваат одредени медиуми.

„Не, јас сум среќна и уживам во своите килограми вишок. Отсекогаш посакував да личам на женско, да добијам бутови, колкови, стомаче. Можеби би требало да ослабам килограм-два, поточно, малку да се затегнам во вежбалница, но ништо радикално“, вели Тодоровиќ, откривајќи зошто понекогаш е депресивна и меланхолична:

„Ни самата не знам, многу сум чувствителна, во состојба сум да се расплачам заради ситница. Банални нешта умеат да ме извадат од такт, но тоа секогаш го поврзувам со фактот што од 13-та година живеам сама во Белград, без родителите. Отсекогаш патував сама, работам многу без нечија поддршка и можно е, со текот на годините, сето тоа да ми се насобрало. Често се чувствувам осамено, како некаква машина за правење пари. Во тие мигови ми недостасува семејството. Психотерапија ми помага доста кога ‘паѓам’“, заклучува Милица Тодоровиќ за Story.rs.