“Клетва” и “Младиот Јорданчо” нови песни на Дамјан Стојаноски

“Клетва” и “Младиот Јорданчо” се двете нови песни на Дамјан Стојаноски. Тој подготвува и цд, на кое ќе има 10 македонски песни со кои тој ќе се претстави пред македонците во дијаспората, затоа што за скоро време, отприлика за недела дена заминува на неговата прва Австралиска турнеја.

Покрај тоа што изминативе денови промовира два видео записи за песните “Бојана ми е судена” и “Мојот народ”, Дамјан Стојаноски сними уште две нови песни. “Клетва” и “Младиот Јорданчо” беа промовирани во студиото на ИН Продукција.

-Покрај спотовите за “Бојана” и “Мојот народ” коишто веќе излегоа и сум многу задоволен, гледам дека и на народот му се допаднаа, сега сум дојден за две песни од коишто едната е народна и се вика “Младиот Јорданчо”, а другата е новокомпонирана и се вика “Клетва”.-истакна Стојаноски.

Музиката за песната “Клетва” ја направи неговиот колега Спасен Силјаноски, текстот го напиша Јагода Силјаноска, мајка на Спасен, а за аранжманот се погрижи Златко Миладиноски.

Дамјан истакна дека во моментов се подготвува и неговиот албум, кој ќе го претстави пред нашинците во дијаспората.

-Секако се подготвува и албум, со кој ќе се претставам во Австралија, затоа што за брзо време заминувам и таму сакам да одам со аудио и двд цд. На цд-то ќе има 10 песни. Песните се баш македонски и се надевам дека ќе им се допаднат.-додава младиот пејач.

Дамјан на концертите во Австралија ќе биде придружуван од Соната бенд и Влатко мелбурн гајда. Со оглед на тоа што ова за него ќе биде прва турнеја во Австралија, се надева дека ќе биде успешна и дека ќе се врати со голем број импресии.

Во продолжение погледнете ги видеата од двете нови песни на Дамјан !