Северина демантира дека се разведува

По гласините низ хрватските медиуми дека се разведува, Северина го демантира истото. Таа на социјалните мрежи веднаш објави заедничка фотографија со нејзиниот сопруг и синчето.

Хрватските медиуми вчера пишуваа дека Северина ќе поднесе барање за развод од својот сопруг Игор, но пејачката веднаш ја демантира веста со фотографија. Таа денеска објави семејна слика со сопругот Игор и синот Александар, а фотографијата е направена во Париз.

Под неа Севе напиша Bonjour, но додаде и „волимштосеволимо“, хаштаг што го користи последниве неколку месеци по издавањето на својот последен албум, а кој, како што изјави, е посветен на сопругот и синот.