Скандал на српската музичка сцена: Купувала текстови за 10 марки, а ги продава за 1000

„Во деведесеттите пишував текстови, некои сум ѝ ги продал. Што е необично? Таа и денеска го прави истото“, тврди телохранителот на Слободан Милошевиќ, Славко Јанковиќ.

Учесник во српското реално шоу „Парови“ ја обвинува текстописецот Марина Туцаковиќ дека пишувал текстови за кои таа му плаќала по 10 марки, а потоа им ги продавала на музичките ѕвезди и по десетпати поскапо.

Јанковиќ бил ставен на полиграф и открил многу тајни од периодот кога го чувал Милошевиќ, а некои се во врска со естрадата.

– Едно време работев како чувар во еден клуб, а Марина и Фута често доаѓаа, па седнував со нив. Бидејќи пишував песни, дел ѝ продадов на Марина. Во тоа време, во деведесеттите Марина купуваше песни за 10 марки, а ги продаваше за илјада. Нема ништо чудно во тоа, таа и денеска го прави истото. На неафирмирани текстописци им ги зема текстовите, ќе им плати 100 евра, а потоа ги продава за илјада, вели Јанковиќ.

Во изјава за Курир.рс Марина Туцаковиќ вели дека поголема глупост не слушнала, особено што не го познава човекот.