Александра и Филип го изговорија судбоносното „Да“

Најозборуваната свадба во регионот го дочека својот значаен момент. Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ го кажаа судбоносното „ДА“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На венчавката во Белград имаше гости од целиот свет, служеа 160 келнери, додека една од најскапите ставки беше изнајмувањето на 120 соби за дел од гостите во еден од најлуксузните белградски хотели. Младенците ангажирале приватно обезбедување, 60 телохранители ги чуваа гостите, додека келнерите служеа повеќе од 900 луѓе на прославата.

На менито имаше познати специјалитети од хрватското рибно мени, од Црна Гора морски плодови, додека од Босна скара. Двојката веќе го потпиша предбрачниот договор.

Невестата во текот на денот смени четири фустани. Во црква имаше кралска венчаница со боја на слонова коска, за граѓанската венчавка Александра избра бела, поширока венчаница со кристали. Третиот бел фустан беше тесен, со гол грб.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

После полноќ, госпоѓа Живојиновиќ облече атрактивен, златно-црн фустан со реси и длабоко деколте. Косата ја собра во пунџа и беше подготвена за танцување без престан.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Инаку, Филип е син на Бобан Живоиновиќ од претходната, долгогодишна врска со девојката Зорица која живее во Америка.