Сопругата на Бали Бег забрани многу нешта во домот поради бременоста

Познатата турска актерка, Фахрие Евџан, која го очекува првото дете со актерот Бурак Озчивит, одлучила да забрани одредени нешта во домот кои и сосдаваат непријатност во бременоста.

Турските медиуми се полни со вести за идните родители и едно од најочекуваните бебиња во Турција.

Имено, се пишува дека Фахрие забранила да се нарачува готова храна бидејќи сака здраво да се храни, а ги забранила и сите видови на мириси и парфеми, бидејќи и создаваат мачнина.

Фахрие која е во третиот месец од бременоста одлучила и да го премени изгледот на куќата и бојата на ѕидовите.

Актерката нарачала и голем број книги за мајчинството, а исто така добива и доста совети од пријателките кои веќе се мајки.