Цеца ќе искешира 100.000 евра: Свадба се спрема!

Цеца Ражнатовиќ ги почна подготовките за свадба на својот син Вељко Ражнатовиќ и неговата свршеница Бојана Родиќ, која би требало да биде во јуни наредната година.

Најголемата балканска ѕвезда не жали пари, па за веселбата, како што велат добро упатените, ќе потроши околу 100.000 евра. Цеца на синот му предложила веселбата да биде организирана во хотелот каде се славело неговото и полнолетството на Анастасија, со што тој се сложил. Тоа го сакаат и родителите на Бојана, кои се вклучени во подготовките.

Гостите ќе ги забавуваат повеќе пејачи, а гордата мајка ќе се „отвори“ за нив. Сите знаат колку е весела Цеца, па нема сомнеж дека пејачите на свадбата ќе добијат и добар бакшиш. Таа ќе и помогне на идната снаа да одбере и венчаница.

-Кога Цеца слави, тоа мора да биде гала. Не е важно дали во прашање е семејна слава, роденден или некое друго славење, се мора да биде беспрекорно. Затоа на време почнала со поготовките. Парите не и се важни, туку се да биде во ред- рекол извор близок на пејачката, кој додал дека на свадбата ќе има околу 400 гости.