Еве што значи прекарот Брена и зошто таа не го сака

Фахрета Јахиќ станала Брена многу пред да стане позната како пејачка. Како што открива таа, прекарот Брена го добила уште во средно, во 1975 година – и тоа на теренот за кошарка.

– Во тој период почнав активно да тренирам кошарка. На тој терен и беше создаден мојот прекар Брена. Ми го даде тогашниот тренер Влада Бајер. Додека шутирав на кош, ми викна: „Ајде сега, Брено!”.

Во Босна тоа беше синоним за убава девојка. Од секогаш сум сакала да се истакнувам, да си се изборам за место под сонцето. Ма, како шило бев, затоа и се најдов под кош, со топка во рацете.

Тука дојде до израз и мојата смисла за реалност. Сфатив дека не сум доволно талентирана за кошарка и дека секогаш ќе има подобри од мене, кои нема да можам да ги достигнам. Кога подоцна Саша Поповиќ ме праша да ли имам прекар, се сетив на тој настан и така стана Брена.

Брена почнала да пее додека била гимназијалка, пеела по игранки. Тогаш сфатила дека сцената е нејзиниот терен.

Милован Илиќ Минимакс се погрижил во 1981 година на Брена да му се придодаде и Лепа, веројатно затоа што не знаел дека брена и без тоа лепа значи убава девојка. Па така убавата девојка станала „убава убава девојка” – Лепа Брена.

Затоа и не е чудно што Брена баш и не е луда за својот прекар и би била многу посреќна да ја викаат Софија или Клаудија.

– Да знаев дека ќе станам олку популарна, ќе учествував во осмислувањето на прекарот.