ЗА НАС

June 2, 2016

Радио Кавадарци постои од 1958 година, а од 2008 година е трансформирано во приватно трговско радиодифузно друштво. Горди сме што како едно од тогашните 29 здружени радиостаници во Република Македонија не ја делеше истата судбина со останатите, кои за жал не успееја да се трансформираат, а со тоа и да продолжат со работа, туку напротив е едно од трите кое не само што опстана, туку од времето на неговото приватизирање па досега, благодарејќи на упорноста и пожртвуваноста на вработените и раководниот тим од една страна и лојалноста и посветеноста на слушателите од друга страна, го достигнува врвот на својата слушаност како локално радио. Ова од причина што според анкетата на Агенцијата Мак Висион, нарачана од Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги на Република Македонија, Радио Кавадарци е убедливо најслушано радио во 2015 година од локалните радиостаници во Македонија, а ги руши рекордите на слушаност и на интернет насекаде низ светот, додека во 2014 година на манифестацијата ,,Златни мелос,, во Србија освои музичко признание за најдобро музичко радио во Македонија, признание кое за првпат се доделува надвор од границите на Србија.

Во блиска иднина, Радио Кавадарци го гледаме како регионално музичко говорно радио со богата информативна и забавно рекреативна содржина, затоа што посакуваме она што го имаат сега слушателите во Тиквешијата, да го имаат и слушателите ако не во цела, барем во половина Македонија.

Со љубов од Радио Кавадарци   

Слоган ,, За оние кои веруваат во моќта на радиото,,

Кавадарци, Македонија ул. 7-ми Септември бр. 1
Телефон: (+389) 43 550 661
e-mail : radiokavadarci@yahoo.com
web-site: www.radiokavadarci.mk